(ВИДЕО) Костадинов: Срамно однесување на Мицкоски, не ги почитува мерките, не е загрижен за граѓаните, за него кафаните и теретаните се најважни

Од:

„Целата јавност вчера слушна како незрелиот и неодговорен Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот.

Непочитување на мерките, деструкција, лажни вести, тоа е она што Мицкоски им го нуди на граѓаните.

Мицковски, како не ти е срам? Како не ти е срам!! Твоето вчерашно однесување е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, и дека тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, а не зашто владата нема добра стратегија. Нашата стратегија не е проблемот, проблемот е што ти и твоите послушници во МВР цело време намерно и организирано ја саботирате“, вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Како не ти е жал за болните, за докторите, за оние кои поради тебе и таквите како тебе кои не ги почитуваат мерките сега мораат повторно да бидат во карантин. Како не чувствуваш одговорност за новите заболени?

Еве го однесувањето на ВМРО преку твојот пример разголено до крај: намерно и организирано не ги почитувате мерките, надевајќи се на зголемување на бројот на заболени, а твоите гавази во МВР тоа го кријат и намерно не го санкционираат, борејќи се против колегите од МВР за тебе да те сокријат. Борејќи се против инспекторите од Државниот пазарен инспекторат, против цела држава.

Па уште јавно лажеш – дека не си бил запознаен, дека само со познајник си седел, дека ти било првпат, дека било човечки? Нема ништо човечко во твоето однесување, каде твојата теретана и твоите кафеани се поважни од здравјето на луѓето. Сега што ќе измисли Наќе пак? Кој отсјај сега ќе те покрива?

Срамот од ова однесување е голем, но одговорноста е поголема. Во оваа ситуација, политичарите мораме да бидеме пример за однесувањето на граѓаните, а не причина за нови пикови. Срам да ти е! Граѓаните ќе ценат и ти судат за твојот незрел однос!“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Бидете патриоти, изберете европска иднина на соживот и плати од 1.300 евра

Орце Костов

СДСМ: Дали ОЈО се злоупотребува за изборната кампања исто како и хајката против Каевски набргу ќе стане јасно

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он