Нетанјаху им се спротивстави на лидерите на еврејските населби околу планот за анексија

Од:

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро ги критикуваше лидерите на еврејските населби на Западниот Брег, бидејќи го потценуваат американскиот претседател Доналд Трамп и сметаат дека не е сосема добар неговиот план, со кој се овозможува израелска анексија на делови од таа окупирана територија.

Иако планот се смета за произраелски, еден од лидерите изразил загриженост дека повеќето еврејски населби ќе останат изолирани енклави, што го увидел на мапата на териториите предвидени за анексија.

Лидерите на еврејските населби, исто така, го отфрлиле секое признавање на палестинска држава, што е предвидено со американскиот план, и вршеле притисок врз Нетанјаху тоа да го измени.

Претседателот на Советот кој ги претставува жителите на еврејските населби, Давид Елхајани изјави вчера дека планот докажал оти Трамп „не е пријател на Израел“.

Нетанјаху, пак, нагласи дека „Трамп е голем пријател на Израел и тој направил историски потези во корист на Израел. И наместо да се покаже благодарност, постојат оние кои го негираат неговото пријателство“.

Претседателот на израелскиот Парламент, Јарив Левин, исто така, смета дека лидерите на еврејските населби покажале неблагодарност која е штетна во момент на „настојување да се напредува во историскиот процес за воспоставување суверенитет врз делови на Западниот Брег“.

Нетанјаху најави делка ќе анектира делови на Западниот Брег, вклучувајќи ја стратешката долина на реката Јордан и десетици еврејски населби согласно планот на Трамп. Тој истакна дека анексијата ќе почне следниот месец.

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци