СДСМ: Потребно е единство и дисциплина во почитувањето на мерките

Од:

„Со цел да се обезбеди брза и ефикасна реакција за спречување на ширењето на коронавирусот Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, одлучи во текот на продолжениот викенд да воведе одредени рестриктивни мерки со различен интензитет во различни делови од државата.

Ваквите мерки се неопходни за да се спречи ширењето на коронавирусот и да се заштити здравјето на граѓаните.

Вирусот Ковид 19 е реална појава и затоа никој не смее да ја игнорира оваа закана, бидејќи на тој начин ја загрозува личната и колективната здравствена состојба“, велат од СДСМ.

„Вирусот е присутен и опасен и само со почитувањето на мерките ќе успееме.

Покажавме дека имаме добра стратегија, ефикасните мерки дадоа резултати, но само заедно со граѓаните и со доследно и постојано почитување на мерките за заштита можеме да успееме.

Имавме одлични резултати, здравствениот систем е подготвен, имаме целосно стабилни општини, а најдобар пример за тоа е Општина Дебар.

Затоа, секој мора да ги почитува сите мерки, во целост. Тие се основна алатка за намалување на ширењето на заразата. Онаму каде има добри резултати, тоа е така затоа што се почитуваат мерките и препораките на здравствените власти.

Секој мора да носи маска, да се дезинфицира редовно, да држи дистанца од 2 метри и да нема групирање.

А овој викенд, сите да останеме дома, со своите семејства. Издржавме и потешки моменти, заедно ќе го поминеме и овој.

Упатуваме голема поддршка до сите здравствени работници кои се столбот во овие клучни моменти, но и до сите граѓани кои ги почитуваат мерките и се грижат за личното и јавното здравје.

Само ако сме обединети ќе го надминеме овој предизвик.

Сега е потребно единство и дисциплина од секој од нас. Ќе успееме!“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

(ВИДЕО) Лукаревска: Вториот ребаланс не носи ниту економски развој, ниту подобар животен стандард за граѓаните

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

СДСМ: Славески призна дека Мицкоски одлучил за влезот на Алта банка, бараме итна истрага

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата