Уапсен на аеродром поради „бомба“ сендвич

Од:

Дека на аеродром треба многу да се внимава на речникот, докажува и инцидентот што му се случил на Американецот Џејсон Круз.

Додека чекал на аеродром во Њујорк да влезе во авион за Лос Анџелес, Круз купил голем сендвич кој планирал да го јаде за време на летот. Токму овој оброк, наречен „бомба“ поради големиот број состојки во него, му го загорчел животот.

Имено, Круз во моментот додека минувал низ безбедносната контрола му кажал на својот пријател дека едвај чека со својата „бомба“ да влезе во авион, по што аеродромската полиција веднаш го уапсила.

Двајцата пријатели биле однесени во сала за испрашување, каде биле темелно претресени. По повеќечасовното објаснување дека зборувале за сендвичот, тие се ослободени, но авионот полетал без нив.

Времето кое го поминале чекајќи го следниот лет за Лос Анџелес, го искористиле за да ја изедат својата „бомба“.

Би можело да ве интересира

Австралија не се наоѓа таму каде што сите мислат

Емир Латифовиќ

Дали животните можат да предвидат земјотрес?

Емир Латифовиќ

Сопственикот на „Зара“ Амансио Ортега го симна Бил Гејтс од тронот како најбогат човек на светот

Емир Латифовиќ

218 години од првиот скок со падобран

Емир Латифовиќ

Петнаесет работи кои ги предвиде Бил Гејтс во 1999 година

Емир Латифовиќ

На денешен ден

Емир Латифовиќ