(ВИДЕО) Костадинов: Чулев и Мицкоски се неспособни, ВМРО-ДПМНЕ го поткопува системот и го загрозува здравјето

Од:

„Техничкиот министер од ВМРО-ДПМНЕ, Наќе Чулев продолжува со незрелото, несериозно и неодговорно однесување.

Чулев не е способен да воведе ред ниту во Министерството за внатрешни работи, а не пак во државата.

Последен пример за тоа е синоќешното прекршување за забраната за јавни собири од страна на 7 полицијаци блиски до Чулев и Христијан Мицкоски“, вели Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

„Наместо да го обезбедуват почитувањето на мерките и задолженијата, полицајците на Чулев директно ја прекршиле забраната.

Со тоа припадниците на полицијата го прекршиле членот 206 од Кривичниот законик, односно не постапиле согласно здравствените прописи во време на епидемија.

Еве, фотографија на „домаќинот“ на забавата сликан во пријателска атмосфера со Мицкоски и со Игор Јанушев.

Истовремено, јавноста беше сведок и на друго прекршување на забраната за собири од страна на припадници на МВР

Во Крушево, заменик командирот на полициската станица, Благојче Димсоски кадар на Наќе Чулев исто така ја прекршил забраната за собири за што постојат и јавно објавени фотографии.

Ваквите случаи директно ја поткопуваат довербата во полицијата и Министерството за внатрешни работи.

Наместо во обезбедување на почитување на мерките и задолженијата, Чулев злоупотреби полициски службеници за снимање на пропагандни спотови. Наместо ред и дисциплина, Чулев јавно кажа дека полицијата нема да ги казнува оние кои ги прекршуваат забраните.

Кратовскиот пир во режија на ВМРО-ДППМНЕ е потврда дека опозицијата свесно и со умисла, со недели го реализира подмолното сценарио за ширење на заразата.

ВМРО-ДПМНЕ освен по терористичкиот напад на крвавиот четврток ќе бидат обележани и како партија која направи здравствен пуч.

Чулев е најнеспособниот министер за внатрешни работи. Со неговото неработење поттикнува непочитување на мерките и директно го загрозува јавното здравје.

Затоа, граѓаните, јавноста со право очекува негова оставка веднаш“, изјави Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Глас за нас е глас за поголеми плати и унапредени работнички права

СДСМ до Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

А1он

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

А1он

Ковачевски: Нека е честит 1 Мај, СДСМ секогаш била на страната на работниците

А1он

СДСМ за ЗНАМ на Димитриевски: Човек-партија, граѓаните ја препознаваат измамата

А1он

СДСМ: Во нас работниците имаат искрен партнер и сојузник

А1он