Османи: Вонредната состојба да се искористи за максимален фокус врз здравственото прашање, но и за комуникација меѓу партиите

Од:

Овие две недели треба да се искористат за максимален фокус на здравственото прашање, како и за комуникација меѓу политичките партии, за да се постигне консензус за датумот за предвремените парламентарни избори, смета вицепремерот за европски прашања Бујар Османи.

Тој при денешната посета на Штип изјави дека токму дополнителните две недели вонредна состојба им даваат простор на партиите да функционираат помалку под притисок за роковите.

– Има време во текот на вонредната состојба да ја продолжиме комуникацијата за да постигнеме консензус, вели Османи.

Прашан за протоколите за избори и како ќе се гласа на денот на изборите, Османи со став дека тие се носат од Комисијата за заразни болести на барање на претседателот на државата.

– Тие имаат подготвено еден документ којшто му го имаат доставено. Меѓутоа ќе видиме како ќе се одвиваат трендовите во овој период и така ќе се адаптираме. Здравјето е пред се, порача Османи.

Би можело да ве интересира

Владата бара итно мислење од Венецијанската комисија за предложениот модел на правосудниот испит

Горан Наумовски

Владата ќе формира Национален комитет за заштита и безбедност на новинарите

(ВИДЕО) Младеновска: Владата плаќа 350 милиони евра годишно за камати, повеќе отколку за социјална помош

СДСМ: Нема субвенции, нема откуп, нема мерки – земјоделците се оставени на цедило

Горан Наумовски

ДУИ: Македонија остана надвор од плановите на ЕУ за проширување, одговорноста е на Владата

Левица: Владата на Мицкоски признава фискален неуспех – ги промаши проекциите, ги крати инвестициите и ја задолжува државата