Министерот Филипче ќе одржи состанок со Комисијата за заразни болести

Од:

Министерството за здравство соопшти дека денеска, во 13 часот, министерот за здравство, Венко Филипче, ќе одржи состанок со членовите на Комисијата за заразни болести, претставници на локални Центри за јавно здравје и претставници на Министерството за внатрешни работи.

Целта на состанокот, како што се посочува, е заедничка координација за делување во општините кои се детектирани како жаришта на коронавирусот.

На состанокот ќе се дискутира за начинот и ефективноста на спроведување на актуелните мерки на терен, како и организација и спроведување на можни дополнителни мерки. Анализите и заклучоците од состанокот ќе се достават како предлози до Владата и Кризниот штаб за утврдување на следните чекори на делување, стои во соопштението.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on