Меѓународно истражување „КОВИД-19 и ментално здравје“

Од:

Грижата за нашето психичко здравство е исто толку важна како и грижата за физичкото здравје. Универзитетската клиника за психијатрија е активно вклучена во справувањето во борбата со коронавирусот. Отворени се повеќе телефонски линии за психолошка поддршка, а во наредниот период ќе се организираат и повеќе активности и превенција за менталното здравје, соопшти Министерството за здравство.

Од Клиниката информираат дека во тек е меѓународно истражување за менталното здравје на населението за време на мерките за контрола на пандемија со овој вирус. Координатор на истражувањето е италијанското здружение за социјална психијатрија „Societa Italiana di Psichiatria Sociale“ (веб psichiatriasociale.org), а истражувањето се спроведува во повеќе европски земји. Координатор за државава е токму Клиниката за психијатрија.

Оваа студија се спроведува со цел проценка на влијанието на пандемијата со Ковид-19, воведениот карантин врз менталното здравје кај нашето население и да се развијат соодветни здравствени интервенции. Истражувањето е доброволно, анонимно и информациите ќе бидат третирани како доверливи и во согласност со постоечките закони, стои во соопштението

Линк до истражувањето „КОВИД-19 и ментално здравје“: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSd4AnzbOPFUz5oCh5c4ofXcFFKr_5wm8MMa77_x69fqH1bINA/viewform.

Да ги почитуваме препораките за заштита од коронавирусот и да се грижиме за нашето ментално здравје, посочуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Ковид-19 од денес е обична заразна болест, укинати и последните мерки за носење маски

A1on