СДСМ: Единствен начин да се справиме со коронавирусот е доследно почитување на мерките пропишани од здравствените институции

Од:

„Почитувањето на мерките за заштита, носење маска, шал или марама, одржување дистанца, хигиена и дезинфекција остануваат единствениот начин, единствениот механизам со кој може да се заштитиме од коронавирусот и како поединци и како општество.

Игнорирањето на вирусот и негирањето дека тој постои нема да помогне во надминување на состојбата и намалување на бројката на заразени.

Здравствените експерти, внимателно ја следат состојбата и предлагаат мерки за заштита на колективното здравје и ставање на епидемијата под контрола врз основа на анализа на актуелната состојба“, велат од СДСМ.

„Со оваа кризна состојба сме засегнати сите и како поединци и како држава и сите треба да придонесеме во решавање на проблемот.

Затоа политизирањето на ссотојбата, ставање на кризата со коронавирусот во некој друг контекст, освен здрајвето на граѓаните нема да помогне. Тоа е неодговорно однесување на ВМРО.ДПМНЕ и треба итно да престане.

Има суштинска разлика помеѓу првиот бран и овој, тогаш не знаевме што може да очекуваме, во која мера може да се прошири вирусот и колку може да се оптовари здравствениот систем.

Состојбата во здравствениот систем, капацитетите за згрижување пациенти, познатите кластери каде се шири вирусот и сите други индикатори укажуваат на тоа дека здравствениот систем е организиран и подготвен, односно сигурен дека може да се носи со новите заболени.

Животот мора да продолжи и затоа апелираме до сите граѓани да ги почитуваат мерките за лична заштита, а надлежните поревносно да го контролираат нивното почитување“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците