Попоски: Македонија е гуру во трпеливоста

Од:

Перспективата на Балканот во голема мера зависи од силна Европа, која е подготвена и во состојба да шири просперитет, а балканските земји мора не само до зборуваат европски туку и да дејствуваат европски, спроведувајќи вистински реформи особено во владеење на правото. Македонија, пак, на својот пат кон ЕУ е „гуру на трпеливоста“, изјавил министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, во своето обраќање на панелот на тема „Ре-енергизација на проширувањето на ЕУ во Западниот Балкан“ на годинешната безбедносна Конференција Глобсец, што од 18 до 20 април, се одржува во Братислава, Словачка.

– Носиме и спроведуваме суштински реформи. Од голема помош ни е дијалогот што го водиме со Европската комисија. Имаме одговорност тоа да продолжиме да го правиме. Секако, очекуваме подеднакво ниво на одговорност и посветеност и од земјите членки – изјави Попоски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски не избламира пред членка на ЕУ и никогаш не стана амбасадор, следбеник на Заев и ,,Бојко љубави” дипломатијата

Предраг Петровиќ

МНР: Во близина на Суботица во сообраќајка загина маж од Македонија, во несреќата тешко повреден е сопатник

Горан Наумовски

Мајка и три деца, македонски државјани, се евакуирани од Израел

Вкупно 22 македонски државјани побарале помош за напуштање на територија на Израел и враќање во земјава

Предраг Петровиќ

Апел на МНР: Не патувајте во Израел и Иран, не е безбедно

Горан Наумовски

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани