А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: Искра Манојлоска
Македонија

Нова бројка на заболени со коронавирус: Не се 67, туку 76 лица

by Искра Манојлоска02/06/2020 - 18:5102/06/2020 - 19:001214
Share0

Министерството за здравство вечерва ги ажурираше информациите за новозаразени со коронавирусот. Тие велат дека доцнењето на денешната статистика е поради тоа што до овој момент се чекаале податоците од приватна лабораторија. На денешната прес конференција беше објавено дека новозаразени се 67 лица, но новите податоци покажуваат дека бројот се искачил до 76 новозаразени со Ковид-19.

Следете a1on на Instagram Instagram

Од МЗ информираат дека во последните 24 часа се направени 885 тестирања, а од регистрираните 76 нови случаи на Ковид-19, во Скопје има 52, Куманово има 2, Штип-1, Тетово-14, Велес-2, Гостивар-2, Кочани-1, Пробиштип-1 и Кратово-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 26 оздравени пациенти во: Скопје-12, Куманово-2, Тетово-11 и Гостивар-1.

Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Струга (56г) примена во болницата на 21 мај како сомнителна на ковид, потврдена позитивна по прием во болница.

Следете a1on на Youtube YouTube

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2391, бројката на оздравени пациенти е 1595, на починати е 141, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 655. Последната дистрибуција по градови е следната:
• Скопје 928, активни 338
• Куманово 469, активни 55
• Дебар 51, активни 0
• Штип 104, активни 69
• Прилеп 212, активни 30
• Тетово 231, активни 86
• Струга 84, активни 12
• Велес 132, активни 29
• Битола 28, активни 3
• Охрид 23, активни 6
• Кавадарци 5, активни 0
• Гостивар 29, активни 8
• Гевгелија 4, активни 0
• Струмица 4, активни 2
• Крива Паланка 6, активни 0
• Радовиш 4, активни 0
• Крушево 3, активни 0
• Кочани 38, активни 7
• Пробиштип 3, активни 1
• Демир Хисар 1, активни 0
• Македонски Брод 2, активни 0
• Пехчево 3, активни 0
• Берово 1, активни 0
• Валандово 2, активни 1
• Виница 3, активни 1
• Делчево 1, активни 0
• Кратово 3, активни 1
• Свети Николе 2, активни 2
• Кичево 3, активни 1
• Неготино 12, активни 3 (*7 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 885 теста се преку: ИЈЗ –249, ЦЈЗ Скопје-34, Авицена –35, Биотек -136, Жан Митрев (Филип Втори) – 175, Систина со PCR метода -128 и МАНУ -128. Досега во земјата се направени вкупно 31187 тестирања на ковид -19.

Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 127 теста се во рамките на скринингот. Тестовите се направени во градинки во Скопје и геронтолошки установи и не се потврдени позитивни случаи на ковид-19.

До утрово на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во изминативе 24 часа примени се 6 пациенти, хоспитализирани се вкупно 40 пациенти. Потешко болни и на кислородна поддршка се 16 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.

До утрово, во ГОБ „8 Септември“ примени се 9 нови, а вкупно хоспитализирани 31 пациент. На респираторна машина се 6, a со потешка клиничка слика се 6 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 7 пациенти, а на домашно лекување се следи 1 пациент. Во болницата во Штип се хоспитализирани 14, а на домашно лекување се следат 16 пациенти. На инфективните одделенија во Охрид, Велес, Куманово и Прилеп се хоспитализирани 27 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19.

koronavirus mkdministerstvo za zdravstvo

Би можело да ве интересира

МЗ: Нема регистриран пациент чија состојба се поврзува со загадена вода во Скопје

Горан Наумовски12/08/2026 - 14:5412/08/2026 - 14:56

Лекот Фостер повторно без доплата во аптеките

Катерина Ѓуровски07/08/2026 - 10:27

111 гостиварци побарале лекарска помош во викендот

Катерина Ѓуровски03/08/2026 - 12:2803/08/2026 - 12:30

Министерството за здравство уверува дека детално ќе го испита случајот на младата мајка која не може да оди по царски рез

Катерина Ѓуровски03/08/2026 - 11:37

МЗ: Состојбата во Гостивар е стабилна – нема нови лабораториски потврдени случаи на западно нилска треска.

А1он02/08/2026 - 12:41

Во Гостивар се намалува бројот на нови случаи, Мицкоски најавува наскоро исправна вода за пиење

Катерина Ѓуровски01/08/2026 - 12:46
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео