Филипче: Бројката на новозаболени ќе биде слична и во наредните два-три дена, намалување се очекува за викендот

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека се очекува бројката на новодијагностицирани од Ковид-19 и во следните 2-3 дена да биде слична на денешната и вчерашната.

Тој вели дека евентуално во текот на викендот може да се намали бројот на новозаразени.

Како пример тој ја наведе општината Сарај, каде што во последниот период имаше зголемување на бројот на заразени, а сега, по исцрпувањето на сите контакти, во изминатите 24 часа се дијагностицирани само двајца.

Истото, вели Филипче, се очекува да се случи и во Штип, во петте конфекциски фабрики, кои ќе бидат затворени до наредниот понеделник, а во тој период треба да бидат тестирани сите 600 луѓе, вработени во тие институции.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Фон дер Лајен ги разобличи лагите на Мицкоски за македонскиот идентитет

А1он

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

По прес-конференцијата на Филипче: „Во паника е дека се одмотува клопчето, сите се криминалци, само тој е чесен“

Филипче: Ја погребаа партијата, нека ми се тргнат од патот, нека не ми држат лекции

Мицевски: Филипче губи контрола, со навреда кон премиерот, го нарече идиот

ВИДЕО: Па може ли таков идиот да е човекот комплетен, да нè изолира целосно, Филипче за Мицкоски