Во продажба вилушка против дебелина

Од:

Електронска вилушка која вибрира кога пребрзо се јаде веќе е во продажба, а нејзините изумители велат дека може да помогне во борбата против дебелината и дигестивните проблеми.

– Иако се уште е во фаза на прототип, нашиот производ наиде на голем одзив, рече Фабрис Бутен, основач на калифорниската компанија ХАПИЛАБС која ја разви вибрирачката вилушка.

Вилушката се заснова на истражувањата кои покажале дека со побавно јадење, луѓето можат да изгубат на тежина. Новиот гаџет кој се пере и во машина за садови, содржи ЛЕД сијалички за предупредување, УСБ конектор и софтвер за компјутери и смартфони со помош на кои корисниците можат да го следат својот напредок во поздрав ритам на јадење.

Вилушката под наслов „ХАПИфорк“, наскоро ќе се појави и на редовниот пазар во САД и во Европа.

Би можело да ве интересира

Исхрана и плодни денови – како одредена храна може да ги зголеми или намали шансите за зачнување

Катерина Ѓуровски

Во ЕУ годишно умираат 10.000 луѓе бидејќи не вежбаат доволно

Ана Ололовска

М-р по фармација Славица Тодоровска од „Хемофарм“ советува: Запекот мора да се лекува

Ана Ололовска

Природата во градот ја намалува осаменоста

Ана Ололовска

Кафето, алкохолот и месото се штетни за бубрезите

Ана Ололовска

Откриен досега непознат дел од човековата вилица

Ана Ололовска