СДСМ: Саботажите на Чулев предизвикаа раст на бројот на заразени

Од:

„Новиот број заразени со коронавирусот е последица на саботажите и крајно неодговорното однесување на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев кој се води само од интересите на неговиот шеф Христијан Мицкоски.

Нoвозаразените, дошле во допир со коронавирусот во време кога не беа олабавени мерките, кога полицијата по налог на Чулев не ги казнува несовесните граѓани, кои го загрозуваат јавното здравје“, велат од СДСМ.

„Полицијата предводена од Чулев не ги казнува лицата кои не почитуваат самоизолација, не ги казни оние од литијата во Струга, навивачите пред црквата Свети Спас, учесниците во орото во Чаир, граѓание кои не носат маски и не почитуваат дистанца..

Чулев, наместо да ги заштитува граѓаните, го неговиот шеф Мицкоски кој и самиот ги прекршуваше мерките и задолженијата..

Ништо не може да го заштити здравјето на граѓаните повеќе од целосно функционални институции со полн легитимитет од граѓаните, ослободени од политички кочници и калкулации на ВМРО-ДПМНЕ, која се однесува крајно деструктивно во текот на целата пандемија.

Избори час поскоро, во законскиот рок на 5 јули, се решение за незрелото и несериозно однесување на Христијан Мицкоски и Наќе Чулев и сите кадри на ВМРО-ДПМНЕ во преодната влада“, соопштуваат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Штерјова: Има пари за тендери нема пари за скопјани – таков Буџет 2026 предлага Георгиевски

(ВИДЕО) Димитријевиќ: 100 милиони евра загуба – кој профитира од увозот на струја?

Горан Наумовски

СДСМ: Кризна состојба заради тендери – зошто навреме не е набавен мазут?

СДСМ: Поскапувањето на струјата е нов удар врз и така нискиот стандард на граѓаните

Горан Наумовски

СДСМ: Нов доказ за партизација – власта ја презема контролата врз обвинителството

(ВИДЕО) Цветановски: Економските работници ја „убија“ можноста од зголемување на минималната плата