Раководството на „Формула 1“ ги покани учесниците да одржат кратки трки од 30 минути во сабота. Ваквите мини-трки треба да ги заменат квалификациите, објави „Motorsport“.
Почетната мрежа во овие трки од 30 минути мора да биде пресликани во генералниот пласман. Ова значи дека лидерот на првенството ќе стартува од последното место, а на пол-позицијата ќе оди оној кој е на 20. позиција во генералниот пласман.
ФИА ја поддржа оваа идеја, сепак, за ратификување на таквата одлука, потребна е едногласна поддршка од сите 10 тима во Формула 1.