Зелен корнер во срцето на „Лептокарија“

Од:

Од десната страна на популарната „коцка“, на влезот од ТЦ „Лептокарија“, во населбата Карпош 3, ќе биде поставено ново хортикултурно катче со систем за наводнување, како и клупи за седење, реквизити и подлога, информираат од Општина Карпош.

„Овој зелен корнер е лоциран во централниот дел на „Лептокарија“, каде што фреквенцијата на граѓани е поголема, а местото претставува омилен дел за рекреација на жителите од најблиските згради и живеалишта. Со уредувањето на просторот, карпошани ќе добијат ново катче за маалска дружба и рекреација“, велат од Општината.

Општина Карпош продолжува со постојаното раззеленување на јавниот простор, а добро е што нашата заложба за чист и зелен Карпош е препознаена и од приватниот сектор, од општествено одговорни компании кои се придружуваат на иницијативата, се додава во соопштението.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец