Поради состојбата со КОВИД-19 два и пол месеци локалитетот Стоби е затворен за посетителите, а Националната установа „Стоби“ трпи финансиски загуби. Оттаму очекуваат олабавување на мерките и повторно отворање, како и одобрение до средината на јуни или најдоцна до почетокот на јули да почнат со планираните проекти.
Лани археолошкиот локалитет Стоби го посетиле 22.000 гости од кои 70 проценти биле странски. Годинава имало едвај стотина и тоа само во првите 2,5 месец, пред пандемијата.
Како што информира за МИА директорот на НУ „Стоби“, Спасе Перовски, Стоби ќе се соочи со тешка година што се однесува до сретствата заработени од влезници и од летните школи, бидејќи сите Летни школи за годинава се откажани, информира Перовски.
НУ „Стоби“ од Министерството за култура годинава доби 14,4 милиони денари.
Според Перовски, активности се планирани во скоро сите сектори, а реализацијата ќе зависи од многу фактори и не може да се предвиди колкава ќе биде.
Во областа на Заштита на недвижно културно наследство предвидена е конзервација и реставрација на дислоцирани мозаици од збирката на Стоби, тековно и партерно одржување на Стоби, Археолошки доистражувања и изработка на основен проект за конзервација и реставрација на градба со арки, Конзервација реставрација и реконструкција и археолошки доистражувања на Римскиот театар во Стоби. Конзерваторско реставраторски работи на на полукружен плоштад и дуќаните на Виа Сакра, изработка на проект за конзервација на архитектонските остатоци од римската порта и сегмент од југоисточниот бедеми археолошки доистражувања на портата и југозападниот сегментод комплексот градби околу храмот на Изида.
Од Визуелни уметности се планира и изложба на Петар Хаџи Бошков, во Стоби, додека во делот инвестиции – проширување на видео надзор и алармен систем во Стоби, санација на ноќна илуминација на локалитетот.
Од Издавачка дејност се планира студија: Римскиот театар во Стоби – Студија за кавеата 2000-2019, во Музејската дејност археолошки истражувања на западната некропола во стоби, Конзерваторски истражувања на стаклени предмети од збирката на НУ Стоби, едукативен водич за деца (Стоби стар град), конзерваторски истражувања и изработка на основен проект за заштита на метални предмети од збирката на Стоби.
-Наспрема минатата година посетеноста на Стоби е 100 отсто пониска заради КОВИД – 19, очекуваме во колку се ослободат мерките, посета на гости пред се од нашата држава. Странски гости оваа година тешко дека можеме да очекуваМинатата година имавме околу 22.000 гости од кои 70 проценти странски, информира Перовски.
Во Стоби од почетокот на годинава беше комплетно готов тикетинг системот за влез на локалитетот (соодветен софтвер за туристичка презентацијана археолошкиот локалитет),што беше реализиран преку лански проект од страна на Министерството за култура.
Перовски информира дека со стручниот тим во Стоби работат на подобрување на туристичката презентација на археолошкиот локалитет,на патеките за посетителите,нови информативни табли и пристапни точки од каде што најдобро можат да се разгледат објектите во Стоби.
Тој најави дека ќе се залага за оживување на древниот локалитет со нови културни настани и привлекување на домашни посетители кои досега ретко или воопшто не се запознале со убавините на Стоби.
Лани се работеше на археолошки истражувања и конзервација на Античкиот театар, Храмот на Изида, се конзервираше мозаикот од втората фаза во јужниот брод од Епископската базилика, а се правеше привремен покрив над Крстилницата што треба да ги заштити мозаикот и мермерната пластика.