(ВИДЕО) Лукаревска: Избори на 5 јули, затоа што ни се потребни активно Собрание и функционални институции

Од:

„Денеска уште еднаш констатиравме дека сите мораме да преземеме одговорни чекори, и како граѓани и како политички субјетки, за државата, институциите и политичкиот систем ги извадиме од оваа крајно комплицирана состојба.

Ние, за жал во овој момент немаме активно Собрание – Домот на граѓаните, Народниот парламент, клучниот демократски механизам, во моментов не постои и нема начин да се врати во функција, освен преку избор на пратеници.

На нашата парламентарна демократија, на нашата економија, но пред се на јавното здравје, и на сите наши граѓани, на сите, ни е потребно ново активно Собрание. За да можат да се носат сите неопходни одлуки за менаџирање на здравствената и економската криза.

5 јули е датумот кога ќе се случат изборите, тоа се 22 дена по завршување на вонредната состојба, согласно законот“, рече Сања Лукаревска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2.

„Ние немаме право и не смееме да ги ставиме граѓаните во позиција да бираат дали ќе одат на одмор или ќе одлучуваат на избори и затоа изборите треба да се случат веднаш, согласно законските рокови.

Никој од нас, ниту институција, ниту партија, не смее да си дозволи да ги става во конфликт правото на глас и правото на одмор – на ниту еден граѓанин не смее да му се става под знак прашалник годишниот одмор и да му се загрозува заради некакви идеи за избори среде лето.

И обратно, на ниту еден граѓанин не смее да му биде загрозено правото на избор и правото на демократски глас, заради неразумните идеи за избори да се организираат среде лето, кога најголем дел од граѓаните одат на одмор.

Затоа, според законските прописи изборите треба да се одржат на 5 јули.

Државата и институциите покажаа капацитет за справување со последиците од коронавирусот и се подготвени да огранизираат изборен процес со максимална заштита на сите учесници во него.

На 5 јули граѓаните согласно сите мерки за заштита ќе го искористат своето право на глас и ќе обезбедат целосно функционални и легитимни институции.

Само целосно функционални институции, со завршени избори позади нас, можат да ја спроведат новата развојна македонска економија.

Фукционални институции, за нова македонска економија, се неопходни за поттикнување на приватната потрошувачка на граѓаните, за да може повеќе да се троши, за подобро да се живее и повеќе да се работи.

· За заштита на постоeчките, и креирање на нови работни места, особено во секторите кои ќе ја употребат дигитализацијата

· За зголемена конкурентност на нашите компании на домашно, регионално и глобално ниво

· За интервентно активирање на домашниот туризам

· За промоција на нови земјоделски култури и поддршка на земјоделците за уште поголем квалитет и обем на домашно производство

· За развој на економските дејности со воведување ИТ и онлајн активности и алатки

· За стимулирање и зголемување на безготовинските и онлајн плаќања, како инструмент за сузбивање на сива економија

Еве го планот за нова развојна економија. Време е да ги завршиме изборите, да ги оставиме зад нас и да продолжиме напред со полн капацитет да ја развиваме нашата економијата и да го штитиме здравјето на граѓаните“, изјави Сања Лукаревска, носителка на кандидатската листа на СДСМ и коалицијата во ИЕ 2.

Би можело да ве интересира

Шукова најави културни ваучери за млади и пензионери, концерти и театри на отворено

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Јанковиќ: Молк во Владата по објавувањето на скандалот со милионските проневери во Еразмус+

СДСМ: Сите припадници на АРМ се нашите херои во униформа

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да го праша Филипче дали се живее лошо во Македонија и од каде му се парите за забави на јахта со Заев

СДСМ: Цените растат постојано, трошоците за живот секој месец се повисоки, а платите стагнираат

Предраг Петровиќ

СДСМ: Злоупотребите на милиони евра од Еразмус+ водат директно до ВМРО-ДПМНЕ