Шалке попладнево загуби од Вердер Бремен со 0:1 во 29. коло од Германското фудбалско првенство и го запиша четвртиот пораз по ред.
Клуб од Гелзенкирхен нема победа десет натпревари во низа. Последен пат Шалке победи на 4 февруари против Херта во Купот на Германија (3:2).
Ако ги земеме во предвид само натпреварите во Бундеслигата, серијата без победи е 11 натпревари.
Во моментов Шалке е на десеттото место во германскиот шампионат, со 37 бода од 29 одиграни натпревари.
По денешниот пораз уште повеќе се „тресе“ тренерското столче на предводникот на Шалке, Девид Вагнер.