ВИДЕО: Ново инклузивно игралиште за деца со попреченост во Карпош

Од:

Ново детско инклузивно игралиште за деца со попреченост денеска официјално беше отворено во Општина Карпош, на улицата „Веселин Маслеша“. Во игралиштето има поставено адаптирани реквизити токму за овие деца, но и стандардни и фитнес реквизити за рекреација.

Градоначалниците на Општина Карпош и Град Скопје, Стефан Богоев и Петре Шилегов денеска го посетија игралиштето и испратија апел граѓаните совесно да ги употребуваат реквизитите.

-Денеска овде во Карпош 2 и официјално се пушти во употреба ова инклузивно игралиште, направено од Градот Скопје. Се работи за игралиште кое има и реквизити и за дечињата со попреченост но и стандардни реквизити како и дел фитнес реквизити за рекреација. Ја одбравме оваа населба Карпош 2 бидејќи статистички во основното училиште „Верац“ кое е реонско училиште има најголем број на дечиња со попреченост. Се надевам дека тому поради тој факт маскимална ќе биде искористеноста, рече Богоев.

Инвестицијата, како што додаде градоначалникот Шилегов, е околу 2.900.000 денари. Појасни дека Градот ќе продолжи да вложува во социјалната сфера, со цел секој граѓанин да добие еднаква шанса.

-Градот Скопје континуирано продолжува со инвестиција во делот на инклузивноста на сите наши сограѓани. Игралиштето е направено со адаптирани реквизити за да можат децата слободно и комотно да ги употребуваат, и е со сите заштитни мерки кои се потребни, вклучително и гумиран под. Искрено верувам дека секој човек и граѓанин има право на еднаква шанса, а ние како инстиуции сме должни тие шанси да им ги даваме, рече Шилегов.

Би можело да ве интересира

Затворена кујната во ОУ „Димо Хаџи Димов“ – неколку деца се хоспитализирани

А1он

55-годишен скопјанец е пронајден мртов во својот дом во Карпош

Горан Наумовски

Мицкоски: Јакимовски мора да биде минато во Kарпош, потребна е промена за крај на бетонизацијата

Јакимовски: Субвенција за секој граѓанин кој ќе набави возило на електричен погон

Јакимовски: Карпош не се купува со лаги – се брани со работа, резултати и достоинство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец