Откако возило излетало од пат, полицијата во него пронашла 13 мигранти

Од:

Вчера попладне, во 12 часот и 30 минути, на регионалниот пат Гевгелија-Дојран, на крстосница „Ѓавато“, полициски службеници од Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица забележале патничко возило „фолксваген пасат“ со бугарски национални ознаки во кое се превезувале поголем број на лица и кое се движи од Богданци кон Гевгелија.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, полициските службеници со возило се упатиле кон него. На крстосницата Гевгелија возилото се вклучило на автопатот кон Скопје, а на крстосницата с.Миравци–с.Милетково, поради неприлагодена брзина, излетало од патот.

После тоа, возачот побегнал. Во возилото биле понајдени 13 лица мигранти од Бангладеш кои биле приведени во Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Богородица. Набргу потоа, возачот бил пронајден и предаден во СВР Струмица. Се работи за Б.Ј.(22) од Богданци. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Двајца работници загинаа во тешка сообраќајна несреќа во близина на Шабац, камион удри во екипа на пат

Осуммина тешко повредени во верижен судир кај Битола, патот е затворен

ВИДЕО: Момче од Мароко низ солзи го молеше шпанскиот војник да не го враќа назад

Предраг Петровиќ

67 мигранти загинаа во хаосот во Сеута

А1он

Вивас: Околу 60.000 мигранти дојдоа во шпанската енклава, а 34 загинаа

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Историски мигрантски бран: За еден ден во Сеута пристигнаа речиси 49.000 лица