Владата ја донесе одлуката со која се ослободуваат од работа родителите на деца до 10 години, бремените жени и хронично болните

Од:

Владата на денешната седница ја усвоила информацијата за заклучокот на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести според која одредени категории граѓани и понатаму остануваат ослободени од работа.

Со одлуката, хронично болните лица и родителите кои што имаат деца до 10-годишна возраст или активно четврто одделение, потоа бремените жени, самохраните родители, родителите на деца со попреченост кои што ја користат услугата дневен центар, како и лицата кои што на работа одат со придружба-потполно слепи лица, лица кои се движат со инвалидска количка и лица со умерена и тешка интелектуална попреченост, кои што претходно беа ослободени, остануваат безусловно и понатаму ослободени од работа, со можност, доколку е тоа остварливо, да ги извршуваат работните задачи од дома.

Одлуката е донесена на барање на Министерството за труд и социјална политика.

Би можело да ве интересира

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените деривати до 15 мај

Горан Наумовски

Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари

Владата одлучи: Нема да трошиме време и пари на референдум за европскиот пат

Горан Наумовски

СДСМ: Владата потфрли во економијата и ги разочара граѓаните

Нови правила за игрите на среќа: Казината 500 метри од училишта, забрана за апарати во обложувалници

Горан Наумовски

Именувана е новата унгарска влада