Маријан Купер (57) е жената која цел живот спасува животни, а токму едно од тие што ги спасила, мопсот Фло, и помогнал и и го спасило нејзиниот живот.
-Секогаш кога се обидував да го спуштам кучето доле на земја, тоа сакаше повторно да го земам во раце. И секогаш кога седев, тоа доаѓаше и ја душкаше чудно мојата десна града – изјавила сопственичката.
Таа тогаш сфатила дека кучето нешто сака да и каже. Откако детално ја разгледата градата видела дека чувствува нешто внатре во неа и отишла на доктор. Тогаш и било утврдено дека има тумор кој и се наоѓал во трет стадиум и растел со брза тенденција. Благодарение на кучето, тој на време е спречен, сопственичката оперирана и спасена.