Филипче: ВМРО-ДПМНЕ манипулира со бројките за смртност од коронавирусот

Од:

Министерот за здравство, Венко Филипче, објави графикони на кои е претставен процентот на смртност од коронавирусот во светот и кај нас.

„ВМРО-ДПМНЕ прави сериозна манипулација со бројките за смртност од коронавирусот и тоа е навистина загрижувачки. Не разбирам како може да се манипулира и политизира оваа бројка, но должен сум да ја споделам вистината. Не е точно дека смртноста од коронавирусот во земјава е највисока во регионот. Таа е исто така далеку под европскиот и светскиот просек“, напиша министерот Филипче на Фејсбук.


„Дополнително, кај нас за разлика од многу други земји, се зема постмортем брис на лицата кои починале со симптоматологија на болеста. Ова е одговорна стратегија затоа што на овој начин ги изолираме контактите на починатиот и превенираме понатамошно ширење на епидемијата. Ако од вкупната бројка на починати од ковид-19 се изземат позитивните резултати постмортем, стапката на смртност во земјата би била уште пониска.

Апелирам да престанат деструктивно да делуваат и да ја политизираат темата со коронавирусот. Здравствените власти транспарентно и навремено информираат од почеток на кризата. Сите информации кои ги објавуваме се точни, а статистиките се изработени согласно препораките на меѓународните здравствени институции“, напиша Филипче.

Би можело да ве интересира

Германија повторно се обидува да стане непостојана членка на Советот за безбедност на ОН

Сиљановска-Давкова: Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот

Седница на Советот за безбедност поради случувањата на Блискиот Исток

Претседателката Сиљановска-Давкова го свика Советот за безбедност

САД на страната на Русија: Во Советот за безбедност на ОН, одби да ја потпише осудата поради Грузија

Предраг Петровиќ

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре ја свика втора седница на Советот за безбедност