Чулев: Обвинувањето за набавка на ремени за фантастична сума е неточна информација

Од:

Обвинувањата од Независниот синдикат на полицијата дека МВР набавуа 600 ремени за 300.000 евра е неточна информација, реагира министерот за внатрешни работи Наќе Чулев. Информацијата е од јавен карактер, а одлуката за набавката ја донело и одобрило координативно тело. Ремените се наменети за приправници чиј приправнички стаж е скратен поради потребата од зголемен број полицајци за време на кризата.

„Во однос на обвинувањето на Независниот полициски синдикат дека сме набавиле ремени за некоја фантастична сума, мислам дека се работи за неточна информација. Ги повикувам сите медиуми и граѓани да проверат, сите набавки се јавни. Ги повикувам да ја проверат таа информација од јавен карактер. Се работи за потреба која е дискутирана на координативното тело со оглед дека со уредба на Владата се скрати приправничкиот стаж заради потребата од зголемен обем на работа за околу 600 приправници. Имаме недостаток од опрема, вклучително и ремени. Така што, таа потреба е дискутирана на координативното тело и одобрена. Во однос на висината, јас ги охрабрувам медиумите, тоа е јавна информација, ќе ви ја доставиме тогаш кога ќе биде побарана од нас“, рече министерот Чулев.

Претседателот на независниот полициски синдикат Гоце Делчев – Тодев утрово на прес конференција јави дека МВР потрошило 300.000 евра за набавка на 600 ремени, но подоцна ја коригираше сумата и рече дека се потрошени 30.000 евра.

„Се работи за лапсус. Ненанмерна грешка. Сумата е 30.000 евра“, рече претседателот Тодев објаснувајќи зошто на прес конференцијата рече дека МВР потрошило на ремени 300.000 евра.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари