Чулев: Ќе објавуваме информации за функционери кои се можни сторители на кривични дела

Од:

Министерството за внатрешни работи ќе објавува информации за носители на јавни функции кои се можни сторители на кривични дела, најави техничкиот министер, Наќе Чулев. Тој не прецизираше за какви дела станува збор, ниту за кои функционери, но кажа дека МВР не ја изгубило откривачката функција и има активности за откривање на сторители на кривични дела во областа на организираниот криминал и корупција.

„Во однос на истрагите кои ги најавив, сакав да кажам дека во изминатиов период како МВР, покрај концентрацијата за спроведување на мерките на Владата за заштита на здравјето на граѓаните, МВР не ја изгуби откривачката функција, односно активностите во областа на откривање на сторители на кривични дела посебно во областа на организираниот криминал и корупцијата, па и во овој дел. Во наредниот период ќе објавуваме исто така и информации и за одредени носители на јавни функции за кои веќе има одредени добиени информации, а кои се можни сторители на кривични дела“, рече Чулев.

Тој додаде дека во изминатиот период не сакал да ја оптеретува јавноста со овие информации, бидејќи, општеството било сконцентрирано кон спречување на ширењето на коронавирусот.

„Со олабавување на мерките од Владата, мислам дека се отвора простор да ја информираме јавноста за оној друг аспект од работата на МВР, за да не се добие впечаток дека изминатите три месеци сме насочени само кон мерките за заштита од Ковид-19. Имавме сериозни предизвици во спречување на илегалната миграција“, додаде Чулев.

Би можело да ве интересира

Од 16 уапсени за безобѕирно возење, деветмина се без положен возачки испит

А1он

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници