Чулев за литијата во Струга: Има затајување на превентивната функција на полицијата, истрагата е во тек

Од:

Техничкиот министер за внатрешни работи, Наќе Чулев, вели дека ѝ натаму се работи на идентификација на лицата кои учествувале на литијата во Струга и ги прекршиле мерките од Владата, а доставени се и кривични пријави, односно поднесоци до Обвинителството. Тој кажа дека има затајување на превентивната функција на полицијата, а за тоа, се води постапка во Одделот за внатрешна контрола при МВР, која не е завршена.

„Во врска со литијата во Струга, СВР Охрид работи на идентификација на лицата и се поднесуваат соодветни кривични пријави, односно, поднесоци во ОЈО. Тоа е постапка што е тече. Мислам дека е комплетирана. За пропустите на полицијата постапува Одделот за внатрешна контрола, до денес, до мене не е доставен извештај за комплетирана постапка. Штом биде комплетирана, а се вршат и разговори со началникот на одделението за внатрешни работи во Струга, во СВР Охрид, со дежурните инспектори на терен и униформираните припадници на полицијата, вклучително и со одделот за неуниформирана полиција, така што, кога ќе биде комплетирана цела постапка, ќе ја информирам јавноста, со оглед дека тука има затајување на превентивната функција на Министерството за внатрешни работи“, рече Чулев.

Предмет за литијата во Струга која се одржа пред 20 дена, каде стотици граѓани без соодветна заштита и соодветна дистанца се движеа низ струшките улици има отворено и Обвинителството.

Би можело да ве интересира

Измамени две стари лица за лажни сообраќајки и лажно претставување како лекари на подрачјето на Штип во последните 24 часа

МВР: Ќе се формира национален комитет за заштита на новинарите, нивната безбедност е врвен приоритет

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски