По европскиот успех на „PROUD“ и „MONSTERS“, Тамара се враќа на македонската музичка сцена со нејзината нова песна со наслов „Слобода“.
„Ова е песна за можеби најважната работа во животот, а тоа е слободата. Слобода да бидеш тоа што сакаш да бидеш и да го живееш животот онака како што сакаш да го живееш. Слобода да се изразуваш, слобода да се менуваш, да се трудиш да бидеш подобар човек но истовремено и да ги инспирираш другите да станат подобри. Слобода да разбереш, да простиш, да љубиш. Слобода да направиш грешка но да научиш од неа“, вели Тамара.
Музиката за песната ја напиша Роберт Билбилов, аранжманот го направи Дарко Димитров а за текстот беше задолжен Игор Џамбазов.
„Слобода“ е инаку првиот македонски сингл, од престојниот, трет студиски албум на Тамара кој треба да излезе во јавност до крајот на летото.
Песната инаку има три верзии, македонска, српска и англиска насловена како „Rise“.
Видео записот за песната ќе ја има својата премиера за две недели.