Влада: Платеното породилно отсуство продолжува да важи додека траат времените мерки

Од:

За да се обезбеди заштита и грижа на децата, Владата на Република Северна Македонија донесе Уредба со законска сила за примена на Законот за работните односи за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија” бр. 90), во која со членот 4 е предвидено отсуството од работа на работничка поради бременост, раѓање или посвојување, да продолжи да тече, а со тоа и надоместокот на плата да продолжи да се исплаќа сè до истекот на траењето на времените мерки.

„Ова значи дека секоја работничка на која и завршило отсуството од работа поради бременост, раѓање или посвојување по прогласување на вонредната состојба (18.март 2020 година) има право да продолжи да го користи отсуството од работа, а со тоа продолжува да го користи надоместокот на плата“, пишува во владиното соопштение.

Наведеното отсуство може да се користи сè додека траат времените мерки и истото не е поврзано со вонредната состојба.

Би можело да ве интересира

Плата до 5-ти и породилно отсуство од 18 месеци – предлозите на Левица утре на дневен ред

Горан Наумовски

Левица предложи 18 месеци породилно отсуство за здраво и перспективно општество

Левица предлага зголемување на породилното остуство на 18 месеци

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава