Французите се повеќе ја користат државната помош за делумна невработеност

Од:

Од 1 март до 25 мај повеќе од една половина од вработените во приватниот сектор во Франција беа опфатени со барања од нивните претпријатија да го користат инструментот за делумна невработеност, јави дописникот на МИА.

Од почетокот на кризата, вкупно 12,9 милиони вработени се опфатени со барање за претходно одобрување од дирекцијата за труд за делумна активност.

Од 1 март до 25 мај, државните служби добија 1.337.000 барања за одобрување за вкупно 5,6 милијарди работни часови.

Ова претставува приближно 12 недели со 35 часа за секој вработен.

Во однос на распределбата на овие барања, според големината на структурата, 47 отсто од вработените кои биле предмет на барање работеле во компанија со помалку од 50 вработени.

Големите структури, односно оние со повеќе од 250 вработени, претставуваат 33 отсто од работниците во делумна активност.

Што се однесува до секторите на активност, барањата главно беа концентрирани во: специјализирани, научни и технички активности, административни и услуги за поддршка (20 отсто), трговија (16 отсто) и градежништво (11 отсто).

Би можело да ве интересира

Марин Ле Пен и 26 лица обвинети за финансиска измама која траела со години

Горан Наумовски

ВИДЕО: Голема поплава во Кан, водата носеше автомобили

Париз блокиран: Илјадници луѓе протестираат

Французите ја намалуваат цената на струјата за 10 отсто

Предраг Петровиќ

Протести низ Франција против именувањето на Мишел Барние за премиер

Макрон го назначи Барние за шеф на владата