Тетовското зонско паркирање од понеделник со подолго време на наплата

Од:

Летното работно време и наплаќањето на зонско паркирање во Тетово започнува од 1 јуни наместо од 1 мај поради пандемијата со Ковид19 информираа денес од тетовското општинско претријатие. Од понеделник ќе има подолг период на наплата на зонското паркирање.

-Работното време на зоните А и Б ќе биде од 7 до 23 часот, а во сабота до 7 до 14 часот. Недела и државни празници зонското паркирање е бесплатно, соопштија од Јавното претријатие „Градски паркинг Тетово“.

Во зона А зонско паркирање во Тетово чини 30 денари, додека во Зона Б е 20 денари од еден час.

Советот на општина Тетово на седница на 27 февруари годинава ја донесе одлуката да има зимско и летно работно време. Според таа одлука, зонското паркирање во период од 1 мај до 30 септември треба да биде од 7 до 23 часот, а во сабота до 14. Во зимското работно време од октомври до април зонското паркирање се одвива од 7 до 21 часот, а во сабота исто така до 14.

Би можело да ве интересира

Маж од Тетово заработи кривична од МВР откако ја истепал сопругата

Рестрикции на вода во Тетово

Катерина Ѓуровски

Двајца тешко повредени во сообраќајка на обиколницата за Тетово

Горан Наумовски

Поради сообраќајка на патот Тетово – Гостивар, сообраќајот по една коловозна лента

19-годишно момче е осомничено за убиство на 16-годишен малолетник

(ВИДЕО) СДСМ: Нашите советници во Тетово нема да гласаат буџетот за 2025 година