Скопјани и битолчани најголеми прекршители на полицискиот час, велешани и кумановци најдисциплинирани

Од:

Од 22 март до утрово во пет часот, кога престана да важи полицискиот час, полицијата регистрирала вкупно 4873 лица кои не ги почитувале мерките за ограничено движење. Вкупно 3110 од нив биле приведени, а поднесени се пријави против 3412 прекршители, извести денес министерот за внатрешни работи Наќе Чулев.

„Најголем дел од оваа бројка отпаѓа на територија на главниот град и на Битола, а најдисциплинирани биле граѓаните кои потпаѓаат под секторите за внатрешни работи на Велес и Куманово“, рече министерот Чулев.

Во однос на мерките за почитување на изолација и самоизолација поднесени се вкупно 127 кривични пријави за 165 кривични дела против 169 сторители.

Министерот Чулев најави зајакнати контроли за носењето заштитна маска и одржување дистанца, мерки кои остануваат на сила и по укинувањето на полицискиот час.

„Ќе биде зголемена контролата од полицијата, од тоа зависи здравјето на граѓаните и олабавување на мерките од Владата“, објасни министерот Чулев.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот на Табановце се одвива без задржувања, казните за сообраќајни прекршоци странците ги плаќаат онлајн, информира МВР

И полски државјанин заврши со лисици на рацете на „Табановце“ – возел двојно побрзо од дозволеното

А1он

Уапсени се 11 возачи за безобѕирно возење

А1он

МВР со предупредување: Дроновите да се приземјат веднаш при појава на полициски хеликоптер

Горан Наумовски

Приведени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, петмина малолетници

За пет часа полицијата уапси 13 моторџии – одземени се пет мотоцикли

А1он