Димитров на видео конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе учествува на видео-конференција на Советот на Јадранско–јонската иницијатива и министерскиот состанок на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR).

Како што соопшти МНР, видео-конференцијата ќе се фокусира на потребата од преземање на неопходни мерки преку регионална солидарност со цел ублажување на импликациите што пандемијата од КОВИД-19 ги има, пред се, врз здравјето, но и врз социо-економскиот живот на граѓаните во земјите членки на иницијативата. За време на дискусиите министрите ќе разговараат за тековната и идна фаза од справувањето со последиците и предизвиците од пандемијата на коронавирусот.

Северна Македонија првпат ќе учествува на министерскиот состанок, откако на 2 април 2020 година официјално стана деветтата земја членка на Стратегијата на ЕУ за Јадранско-јонскиот регион (EUSAIR). Оваа година, организатор на редовниот министерски состанок е Србија, како претседавач со иницијативата.

Би можело да ве интересира

Oсудa за опожарувањето на возилата во сопственост на Амбасадата на Бугарија

МНР на бугарскиот амбасадор Радуков му упати усен демарш поради употреба на терминот „северно-македонски“

Горан Наумовски

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток