За време на полициски час две одделни физички пресметки во велешко

Од:

Во СВР Велес синоќа околу 21 часот било пријавено дека на улицата „Јордан Џурнов“, во Велес по претходна расправија, настанала физичка пресметка помеѓу 45-годишниот А.М. и неговата сопруга 42-годишната Е.Ј. од една страна и 36-годишниот С.К. и неговата 34-годишна сопруга А.К.(34), сите од Велес.

Како што појасни портпаролот на СВР Велес Верољуб Додевски, по целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Во неделата вечерта околу 18 часот во СВР Велес било пријавено дека во велешкото село Рудник во дворот од семејната куќа, 31-годишниот Ж.Ф. од Скопје, по претходна расправија, бил нападнат од 58-годишниот В.Н.. Истиот ден околу 19.50 часот во СВР Велес 58-годишниот В.Н. од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа во село Рудник бил физички нападнат од 57-годишниот К.Ф. и неговиот син 31-годишен син Ж.Ф.

– По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, информира Додевски.

Би можело да ве интересира

Затвореник од штипскиот затвор пријавил силување од друг осуденик

Камион падна во провалија кај Кавадарци, загина возачот

Сообраќајна несреќа го затвори патот до скопскиот аеродром

Катерина Ѓуровски

Скопјанец се обидел да измами повозрасна жена за сума од 35.000 евра, претставувајќи се како лекар од Италија

Велешанец усмртен од камион

Полицаец издавал службени тајни на адвокат на осомничен