Претседателот на Стопанската комора за енергетика: Измамници нечесни, вирусот не е смртоносен

Од:

Претседателот на Стопанската комора за енергетика на Македонија, Ѓорѓи Манасков, тврди дека коронавирусот не е смртоносен и дека е обичен сезонски грип со мали модификации. Во ситуација кога во земјава се потврдени речси 2.000 случаи и над 100 смртни случаи од коронавирус. Манасков вели дека не верува дека вирусот е смртоносен за сите и дека три месеци граѓаните се во карантин без потреба.

„Измамници нечесни! Вирусот не е смртоносен. Тој е обичен сезонски грип, со мали модификации. Не верувам дека овој Ковид-19 е смртоносен за сите нас. Одма најдете ми еден од Ковид-19, доброволно се пријавувам да Ви докажам дека над нас се врши малтретирање. Три месеци не држите во карантин со полициски час, без потреба. Ни го уништивте животот, бизнисот и здравјето. Цел свет е пуштен и функционира, одат на плажа се сончаат и уживаат, работат и функционираат. Само во Македонија постои вонредна состојба и полициски час, што не се по меѓународни закони и прописи. Најубавиот дел од годината и нашиот живот го поминавме седејќи дома како да сме затвореници“, пишува Манасков на социјалните мрежи.

Тој побара од тие кои се плашат, да си ги земат, како што вели, парталите и да се лечат дома.

„Немој нас да не замарате и уште да не терате маски да носиме во ова жешко, казни ни пишување за неносење. Засрамете се. Ние не веруваме во вашите убедувања , ниту сакаме да веруваме. Ве молиме да не поштедите од овие измислици. Кој смета дека ќе се зарази да си седи дома. Нас граѓаните и компаниите, повеќе не нè интересираат вашите убедувања. Едноставно, Ви благодариме, не сме заинтересирани да ве слушаме и да ви веруваме. Немој повеќе да не замарате“, додава Манасков во објавата.

Инаку, бројот на хоспитализирани со Ковид-19 не се намалува. На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби се хоспитализирани 58 пациенти од кои на кислородна поддршка се 24, а на механичка вентилација се двајца пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ се хоспитализирани 18 пациенти од кои на респиратор се пет пациенти, a со потешка клиничка слика се уште четворица пациенти. Во болницата во Битола се хоспитализирани тројца пациенти, еден пациент во тешка состојба е пратен на Инфективната клиника во Скопје, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани пет пациенти и нема пациенти кои се следат на домашно лекување. На инфективните одделенија во Тетово, Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 42 пациенти, позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Мицкоски: Со бизнисот ќе се заокружи инвестициска активност од 700 милиони евра, да креираме систем кој ќе донесе подобра иднина и повеќе работни места

Централната власт е најголем подмитувач на бизнисот тврди Стопанската комора

Катерина Ѓуровски

„Бехтел и Енка“ бара од Стопанска Комора да им обезбеди 4.000 работници за работа на автопатите

A1on