Полицијата во Хонгконг уапси над 100 демонстранти

Од:

Најмалку 120 лица се уапсени денеска за време на протестите против предлог-законот за национална безбедност на Хонгконг, објави „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Според весникот, околу 40 од уапсените демонстранти се обиделе да постават барикади.

Неколку илјади луѓе излегоа денеска низ улиците на Хонгконг во знак на протест поради предлог-законот, кој, според нив, претставува опасност за граѓанските слободи и принципот „една земја, два система“.

Во обид да ги растера, полицијата употреби солзавец против антивладините демонстранти.

Предлог-законот за национална безбедност на Хонгконг предвидува забрана за отцепување, мешање на странски земји, тероризам и сите други сепаратистички активности насочени кон соборување на централната власт и странско мешање во внатрешните работи на поранешната британска колонија.

Би можело да ве интересира

Кинескиот суд одлучи: Затвор за лицата кои упаднаа во градското собрание во Хонг Конг

Горан Наумовски

Хонг Конг: Седуммина уапсени во случај на „перење“ 1,8 милијарди долари

Хонг Конг: Две лица ги загубија животите во поплавите, повеќе од 100 лица се повредени

ВИДЕО: Тајфунот фрла девојка на улица, вода продира низ зградите: Драматична снимка од невремето во Хонг Конг

(ВИДЕО) Силниот тајфун Саола го погоди Хонг Конг

Екстремен спортист загина во Хонг Конг додека се фотографираше