Шест милиони Австралијци ја презедоа Ковид-19 апликацијата

Од:

За помалку од еден месец откако во Австралија беше објавена апликацијата, која на надлежните треба да им помогне на властите да ги најдат заразените со коронавирус, веќе шест милиони луѓе го преземале тој софтвер за мобилни уреди, објави Гардијан.

Според весникот, австралискиот министер за здравство Грег Хант изјави дека апликацијата игра важна улога во одговорот на неговата земја на пандемијата, а неколку земји изразија интерес за нејзините позитивни ефекти.

„Австралија останува светски лидер во тестирањето, следењето и спречувањето на ширењето на коронавирусот и јас би сакал да ги охрабрам сите Австралијци да придонесат во тој напор и да ја преземат апликацијата уште денеска“, се вели во денешната изјава на Хант.

Само здравствените власти на австралиските држави и територии имаат пристап до информациите што ги пренесува апликацијата, потенцира Гардијан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа