Отворена меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“

Од:

Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“- Битола ја отвори меѓународната детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“ која годинава се одржува само еден ден и без присуство на деца од светот.

Според традицијата, отворена е изложба на слики кои пристигнаа од сите меридијани, но младите ликовни уметници останаа дома, во своите држави заради пандемијата.

Годинешен добитник на наградата Гран-при е Мариа Дума од Букурешт, а статуетката ја прифати почесниот конзул на Романија во Битола, Александру Мамакис.

– Мал битолски Монмартр е манифестација, исклучително значајна за нашиот град, манифестација која што ја отвора Битола кон светот, меѓутоа и светот го носи во Битола. Бројот на цртежи кои што пристигнаа годинава, покажува дека така било и во изминатите години. За жал, годинава го немаме џагорот на децата низ нашите сокаци, меѓутоа она што го имаме се нивните цртежи, за што им сме бескрајно благодарни. Оваа манифетација, затоа што е навистина траен белег за Битола и за битолчани, истакна Наташа Петровска, градоначалник на Битола.

Годинава на адреса на Детското ликовно студио „Св. Кирил и Методиј“ пристигнаа над 15.000 творби од целиот свет, а на изложбата во Битола беа претставени 717 најдобри цртежи.

Би можело да ве интересира

„Ние, луѓето“-премиера

Татко од Битола секојдневно си ги тепал и ги малтретирал децата

Kонцерт на Џез триото АУМ

Битолскиот театар гостува на фестивал во Врање

Доаѓа втората сезона на трилер серијата која се смета за најдобра досега

Битолчанец киднапирал 24-годишна жена и ја тепал