Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Од:

Претседателот Стево Пендаросвки, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните со исламска вероисповед, со желба празникот да го поминат во среќа, добро здравје и во хармонија со најблиските.

-На крајот на светиот месец Рамазан, по еден месец пост, посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и кај сите верници да преовладаат солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош. Овој празник нека нè потсети дека само со заеднички заложби и меѓусебна почит ќе можеме да ги одржиме живи вредностите што нè обединуваат и ни обезбедуваат меѓучовечко разбирање и поубава иднина, се вели во честитката на претседателот на државата.

Тој истакна дека оваа година, празникот Рамазан бајрам го чествуваме во период кога не само нашата држава, но, и целиот свет, се соочува со една од најголемите закани за човештвото.

-Ја користам оваа можност да ви се заблагодарам за вашите досегашни напори и за посветеноста во спроведувањето на мерките за заштита од пандемијата. Ве повикувам да останеме претпазливи и дисциплинирани и да ги почитуваме препораките во борбата со Ковид-19 за да излеземе на крај со овој генерациски предизвик и да обезбедиме здрав живот за сите нас во иднина, порача претседателот Пендаровски.

Празникот Рамазан бајрам нека донесе мир во вашите срца, спокој во душите, радост и слога во домовите, се вели на крајот од честитката на шефот на државата.

Би можело да ве интересира

Кој мешетари, а кој озборува – Пендаровски и Фрчкоски се скараа за СДСМ

Катерина Ѓуровски

Пендаровски кој доби функција на поклон од Заев, се обидува да дели лекции за државност, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Петрушевски: Пендаровски и СДС ги рушат националните позиции, и не можат да се помират со фактот дека Владата гради силни односи со САД

Николовски: Стево троши пензијата, не се брукај, не ја руши позицијата на Македонија

Јаревски: Стево Пендаровски тврдеше дека не сака канцеларија, за еден ден потоа да побара да му се дозволи да користи