Од утре во Албанија се отвораат верските објекти

Од:

Од утре во Албанија се отвораат сите џамии и цркви и ќе продолжат со нивните верски активности.

Веста преку објава на Фејсбук ја соопшти премиерот Еди Рама, кој напиша „со среќна нога на овој убав ден од верскиот календар“.

„Во неделава што изминува во соработка со верските заедници подготвивме протоколи за здравствена безбедност. Откако ги добивме нивните предлози, ги оценивме и ги одобривме и одлучиме да ја отвориме активноста на храмовите со сите релевантни ограничувања, започнувајќи од утре. Со среќна нога и благословот на светлината на утрешниот прекрасен ден од верскиот календарот“, напиша Рама.

Честитајќи им го на муслиманските верници утрешниот голем празник Рамазан (Фитер) Бајрам, премиерот Рама, исто така, посака отворањето на џамиите (под голема грижа на
духовните водачи на заедницата за почитување на протоколот предложен од самите нив) да биде „добар знак за мир и благосостојба за сите заедници и самата Албанија и Албанците во ова тешко време“.

Би можело да ве интересира

Обвинение против сопругот на Алма која со децата се удави во реката Бојана

Пронајдено е телото на второто девојче кое со мајката скокна во река

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Македонците, заедно со Власите, Ромите и Египќаните бараат гарантирани пратенички места во албанскиот парламент

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски