Кери: САД се уште не го признава Мадуро за претседател на Венецуела

Од:

Американскиот државен секретар Џон Кери вчера изјави дека САД се уште не го призна Николас Мадуро за претседател на Венецуела , бидејќи го чекааат повторното пребројување на гласовите на избирачите.

Според „Асошиејтед прес“ на тој начин Кери му дава поддршка на опозицискиот претседателски кандидат на Венецуела, Енрике Каприлес, за пребројување на гласовите .

Националната изборна комисија соопшти дека Мадуро освои 50,66 проценти од гласовите, а неговиот против кандидат Каприлес 49,1 проценти, што претставува разлика од 262.000 гласови.

Опозицискиот кандидат Каприлес ги негира резултатите од претседателските избори во Венецуела и бара повторно пребројување.

Николас Мадуро денес изјави дека Венецуела не ја интересира ставот на САД.

-Не не интересира вашето признавање. Решивме да бидеме слободни и ќе бидеме слободни и независни, со вас или без вас-порача Мадуро.

Елена Георгиевска

Би можело да ве интересира

Три лица загинаа во авионска несреќа во САД

(ВИДЕО) Нова драма во САД: Брод удри во мост, се излеа нафта, спасувачките служби го блокираа сообраќајот

Горан Наумовски

Волстрит порасна, но инфлацијата во САД не се намалува

САД се длабоко вознемирени од грузискиот закон за странски агенти

ВИДЕО: Девојче во САД злоставувано до смрт, таткот и маќеата ја држеле врзана во подрум

Катерина Ѓуровски

Израел: Одлуката на Бајден за оружјето испраќа погрешна порака до Хамас