Советничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на Шилегов скапо ги чини скопјани, освен Ковид-19 постои и наезда на лебарки

Од:

„Додека Петре Шилегов зборува за некоја висока политика, Скопје го изеде наезда на лебарки. Тоа е така затоа што градот Скопје не врши дезинфекциска и дератизација што е една од неговите законски обврски.

Овие фази се целосно прескокнати и пропуштени поради тоа што скопјани освен со корона се соочуваат со наезда на лебарки.

Таа наезда е последица на неработата на градот Скопје“, велат од Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

„Вонредна состојба, пандемија, многу ѓубре по контејнери, оставена храна во затворени објекти кои не работат, бујна вегетација неискосена, запушени канали, сето ова допринесе за развој и на бубашваби кои пренесуваат многу заразни болести.

Потребна е стратегија на град Скопје и општините со министерство за здравство. Паради не се потребни, треба сериозен пристап кон заштита на населението од заразни болести.

Ѓубре, диви депонии, бубашваби. Неспособноста на Шилегов освен Ковид-19 носи и други заразни болести со вакво недомаќинско работење“, се вели во соопштението на Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син