ВИДЕО: Штипското „езеро“ конечно пресуши

Од:

По речиси два месеца од поплавите, јавното претпријатие „Стипион 2011“ од Штип конечно успеа да го исчисти запушениот канал меѓу населбите Сењак и Дузлак.

Поради запушениот канал меѓу овие населби, по поплавите се создаде езеро од атмосферските води, меѓу штипјани познато како „Дузлачко езеро“.

По апелот од страна на граѓаните, ЈП „ Стипион 2011“ – Штип, заедно со вработените од територијалната противпожарна единица, излезе на терен за да го санира овој проблем.

stip ezero (8)

Со механизација што беше позајмена од ЈП „Хидроводовод“, екипите на ЈП „Стипион 2011“ и противпожарната единица денес успеаја да го отпуштат каналот, а насобраната водата да ја испуштат кон реката Брегалница.

stip ezero (3)

На ЈП „Стипион 2011“ му остана уште да ги санираат оштетувањата на патот, кои настанаа во текот на работата, и да се изготви проект со кој овој проблем во целост ќе биде решен.

Би можело да ве интересира

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ