Европската комисија вчера го објави извештајот за напредокот на Македонија во рамките на дијалогот на високо ниво, во кој е констатиран прогрес во реформите, но и неспроведување на договорот за решавање на политичката криза од први март.
“Анкетната комисија треба да се формира, власта и опозицијата треба да усвојат меморандум за разбирање за евроинтеграциите и прашањето со новинарите да се реши бидејќи за жал тие станаа дел од овој проблем иако не направиле ништо лошо“, изјави комесарот Филе на вчерашната прес конференција во Брисел.
Во извештајот, ЕК ја посетува Владата дека не ја исполнил обврската преземна од договорот од први март да го обнови дијалогот со новинарите, велат од ЗНМ.
“Довербата треба да се поврати со цел останатите точки од агендата на Работната група за медиуми (вклучлувајќи го зајакнувањето на јавниот радиодифузен сервис, подобрување на професионалните стандарди и етиката на новинарите и воспоставувањето на систем на саморегулација) да се решат“, стои во извештајот.
Во врска со донесувањето на новиот закон за медиуми, Европската комисија истакнува дека од суштинско значење е процесот на усвојување на секое законодавство поврзано со медиумите и слободата на изразување да биде инклузивен и да ги вклучува сите заинтересирани страни.
“Не е постигнат напредок во однос на зголемување на транспарентноста на владиното рекламирање, кое исто така беше дел од агендата на Работната група“, констатира ЕК.
Брисел,е загрижен за присуството на авто-цензура во медиумите, дека работничките права на новинарите се слабо заштитени и дека на јавноста и е ускратено праваото да има пристап до објективно известување од медиумите.
“Згора на тоа, за време на локалните избори во март, набљудувачите забележаа недостиг од избалансирано медиумско покривање од јавниот сервис и приватните телевизии“, стои во извештајот.
Покрај напредокот околу декриминалзииацијата на клветата и навредата, ЕК ја повикува Владата да преземе дополнителни напори за да се осигура дека судовите го спроведуваат новиот закон согласност барањата на Европскиот суд за човекови права.
И високиот претставник за надворешни работи и безбедност на ЕУ Кетрин Ештон вчера во Скопје ја повика Владата на дијалог со медиумите и граѓанскиот сектор.
“ЕУ внимателно го следи спроведувањето на договорот од 1 март, особено формирањето на анкетната комисија и дијалогот со медиумите. Ги охрабрувам политичките лидери да ги надминат поделбите и да креираат нов политички дух на соработка“, изјави Ештон.