ИВЗ е против зголемен полициски час за празниците, а нема да ги откажат ниту молитвите во џамиите

Од:

Исламската верска заедница пред два дена испратила писмо до Владата, кое денеска го објавија и јавно, со кое бараат да не се воведува дополнителен полициски час за време на продолжениот викенд, односно празникот Рамазан Бајрам. Во писмото наведуваат дека нема да се откажат ниту од молитвата во верските објекти.

Është dërguar me datë 18 maj 2020Deri te: Qeveria e RMV-ës-Shtabi Kryesor Kordinues i Krizave – Komisioni për sëmundje ngjitëse

Posted by Bashkësia Fetare Islame e Maqedonisë-Исламска Верска Заедница на Македонија on Среда, 20 мај 2020

Писмото е испратено и до Комисијата за заразни болести, која пак, денеска ѝ предложи на Владата да воведе рестрикција за движење од сабота во 19 часот до вторник во 05 часот наутро. Ваквиот предлог го правдаше и министерот Вено Филипче, според кого, на овој начин ќе се спречи ширењето на коронавирусот, со оглед дека не се почитуваат препораките за заштита од инфекцијата со држење дистанца и носење заштитна опрема.

Владата на седница треба да ја потврди или одбие препораката за воведување продолжен полициски час.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Новоназначен в.д. муфтија за Тетово пријавил во полиција дека бил попречуван да почне со работа

Грип, ковид и инфекции на дишните патишта ги полнат амбулантите и болниците

Тетовскиот муфтија обвини за незаконска смена од ИВЗ