Попладне и во текот на ноќта поројни врнежи од дожд и засилен ветер

Од:

Поладнево и вечерва, како и во текот на ноќта се очекуваат поројни врнежи од дожд, придружувани со засилен ветер и локално во форма на невреме, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Кај поголемите водотеци, како што информираат, не се очекуваат појави на излевање на водата од речните корита, ниту, пак, поголемо зголемување на нвниот водостој.

– За разлика од нив, кај помалите реки и суводолиците доколку во нивните сливови процесите бидат поинтензивни и со поголеми количини на дожд, можно е брзо зголемување на водостојот, а на места при силни интензивни врнежи можни се и мали локални излевања. Доколку во градските урбани средини нестабилноста биде изразена во форма на невреме, со дожд, ветер и град, поради неможноста за впивање на водата и можното запушување на канализациската мрежа со гранки и лисја, можна е појава на акумулурање и слевање на водата по градските улици и подвозниците. При појава на силен ветер можна е појава на бранови на природните езера во земјава, соопшти УХМР.

Оттаму препорачуваат граѓаните внимателно да се движат покрај помалите реки и суводолиците и да бидат претпазливи на сите места каде за попладнево и во вечерните часови се највуваат поројни врнежи од дожд.

Би можело да ве интересира

Облачно со врнежи од дожд, ќе дува засилен јужен ветер

(ВИДЕО) Во Шпанија се затвараат училишта, се евакуираат некои жители по обилните дождови

Повремени врнежи и грмежи и засилен северен ветер

Од утре ќе настапи позначителна промена на времето

Утре и во среда локални врнежи од дожд, потоа стабилно со пораст на температурите

Променливо облачно со повремен дожд