Општина Битола ја одбележа годишнината, денот кога пред 184 години во овој град беше формиран првиот противпожарникарски одреден на Балканот.
Историскиот настан од 1826 година е востановен како Дена на македонските пожарникари, а според востановената традиција во Битола се одбележа со полагање цвеќе и пригодна свеченост.
– Како градоначалник се гордеам што во овој период успеавме да вложиме 157.000 евра во подобруање на условите во протипожарната единица. Имаме 15 нови вработувања, што значи зголемување на капацитетите од човечки ресурси. Тоа покажува дека ова раководство на локалната самоуправа и јас како градоначалник, сме ставиле акцент на исклучително значајна служба, која што е одговорна за животите на нашите граѓани. Во таа насока мора да се движиме бидејќи одговорноста не е само нивна, туку на сите нас како граѓани, затоа што чувањето на околината и на нашите животи, сепак зависи и од сите нас и нашето однесување, истакна градоначалничката Петровска.
Од Територијалната против пожарна единица во Битола информираа дека споредено со минатата година, намален е бројот на пожари, но сепак, останува истиот апел, да не се пали оган на отворени локации.
-Од овој град започна институционализираното делување на противпожарната служба на Балканот и на тоа мора да сме горди. Нашата единица е подготвена за сите оперативни состојби на терен, а пожарникарите се, биле и ќе бидат во служба на граѓаните. Моментално единицата располага со 39 пожарникари, од кои 31 во битолската единица, а по 4 лица на припомош во општините Могила и Новаци. Со соодветната нова опрема и возилата, сметам дека може да се справиме за брза интервенција, што е прв и почетен услов за секој пожар. Најважно од се е што со зголемениот човечки потенцијал, можеме полесно да се организираме, изјави командирот на ТППЕ-Битола, Костадин Поповски.
Битолската територијална противпожарна едицина е една од ретките која располага со специјализирани возила за шумски пожари, беше истакнато за време на одбележувањето на годишнината од формирањето на првиот противпожарникарски одред во Битола и на Балканот.