Коњановска: Ликот на Охрид ќе претрпи сериозни промени

Од:

Гордана Коњановска доктор по професија ќе ја извршува функцијата претседавач со градскиот совет на Охрид.Коњановска која е по потекло од Скопје, 20 години живее и работи во Охрид. Коњановска во својот прв говор пред своите колеги советници со предупредувачка порака дека некои од одлуките кои ќе се носат во советот многу скоро и многу лично ќе ги допрат одредени поединци, при тоа не посочувајки за кои личности станува збор.

„Некои од тие одлуки ќе донесат последици кои одредени луѓе многу скоро и многу лично ќе ги допрат и тоа ќе бидат одлуки кои ќе се ефектуираат врз животот на одредени поединци. Некои од одлуките кои ќе ги донесеме во иднина ќе се ефектуираат како последици со кои ќе треба да живее одредена генерација, меѓутоа некои од одлуките кои ќе ги донесеме ќе се ефектуираат во последици со кои ќе треба да живеат многу генерации многу долго од како ние веќе нема да бидеме во Охрид. Во тој смисол апелирам на максимална одговорност од сите нас“, рече Коњановска.

Коњановска очекува дека во Охрид ќе се случат суштински промени кои можат да го променат ликот на градот. На прашањето дали ја познава законката регулатива во однос на раководење со советот Коњановска призна дека тоа го учела дури сега.

„Ја учам, ја учам, ја учам“, рече Коњановска.

Мики Трајковски

Би можело да ве интересира

Охриѓанец го запалил глисерот на брат му, огнот зафатил и зграда

Катерина Ѓуровски

Обид за убиство во Охрид: Скопјанец со нож сакал да убие познаник

Уапсен маж осомничен дека предизвикал пожар, кај него е пронајдена запалка тврди полицијата

Охридскиот регион остана под заштита на УНЕСКО, ќе се ангажира фирма која ќе ги урне дивоградбите во Охрид, рече Мицкоски

Љутков: Извештајот на УНЕСКО за Охрид се однесува токму на периодот на владеење на СДСМ и ДУИ

СДСМ: Охрид е на чекор од губење на статусот на заштитено светско наследство