Германската канцеларка Ангела Меркел во говорот на видео-конференцијата организирана од Светска здравствена организација истакна дека пандемијата со новиот коронавирус е глобална криза и апелираше за меѓународна соработка.
– Ние поминуваме низ глобална криза со кој се погодини стотци илјади луѓе, кои се заразени и се погодени од социјални и економски последици, што покажува дека од пандемијата практично ниту една земја не е поштедена, посочи Меркел.
Таа додаде дека ниту една држава не може сама да го реши проблемот со пандемијата.
– Мораме да работиме заедно, истакна Меркел.
Таа изрази и поддршка на СЗО, нарекувајќи ја легитимна и оти нејзиното финансирање треба да биде одржливо.
И францускиот претседател Емануел Макрон дадеопддршка на СЗО и побара еднаков пристап до вакцината против Ковид-19.
– Ако откриеме вакцина против Ковид-19, тоа ќе биде глобално јавно добро и сите мора да имаат пристап до неа… За здравјето на луѓето не можеме да се препираме, тоа не може да се присвои и не може да се купува и продава, истакна Макрон.
Тој додаде дека е „потребна силна СЗО за борба против новиот коронавирус“.