Форд и Џенерал Моторс потпишаа договор за соработка за развој на нова генерација технолошки напредни 9 и 10 степени автоматски менувачи за возила.
Новите менувачи ќе бидат наменети за автомобили, кросовери, СУВ и камионети со преден и заден погон. Тие ќе помогнат за зголемување на перформансите на возилата и истовремено заштеда на гориво.
– Инженерските тимови на ЏМ и Форд веќе работат на почетниот дизајн на новите менувачи, изјави Џим Ланзон, потпретседател на глобалниот инженерски тим на Џенерал Моторс.
Џенерал Моторс и Форд со овој договор за соработка веќе по трет пат во изминатите десет години се одлучуваат за заеднички развој на нови менувачи. Соработката предвидува секој компанија да произведува сопствени менувачи во сопствени фабрики при што голем дел од компонентите ќе бидат исти.
Повеќе податоци за новата генерација автоматски менувачи и нивната примена во Џенерал Моторс и Форд возилата компаниите ќе објават пред нивното претставување на пазарот.